Девет луѓе загинале во руското бомбардирање во близина на градот Миколаев, јужна Украина, објави утрово регионалната администрација, а пренесува CNN.
Извештаите од терен се дека ноќеска и утрово имало жестоко гранатирање северно од градот во областа Баштанка. Со воздушни проектили уништена е и работилница во градот, а во овој напад немало жртви.
Миколаев е стратешко место на југот на Украина, кое го отвора патот на руските воени сили за да може да ја продолжат инвазијата кон третиот по големина украинскио град, пристаништето Одеса. Украинските сили пружаат силен отпор на руските воени единици и го оневозможуваат нивното напредување кон запад.
9 загинати откако Русија нападна украинска воена база на границата кон Полска