Вести Свет Топ вести

Белорусија: Нема да ја нападнеме Украина, но ротираме сили на границата

Началникот на Генералштабот на белоруските вооружени сили Виктор Гулевич изјави дека Белорусија не планира да се приклучи на руската инвазија на Украина, но испраќа пет баталјонски тактички групи (БТГ) на својата граница на ротација за да ги заменат силите што веќе се стационирани таму.

Во петокот, висок функционер за безбедност на Украина ја предупреди Белорусија да не испраќа војници во Украина поради страв дека Белорусија планира да им се приклучи на руските вооружени сили. Гулевич денеска ги негираше плановите за инвазија на Украина:

„Сакам да нагласам дека трансферот на војници на никаков начин не е поврзан со (никаква) подготовка, а особено не со учество на белоруски војници во специјална воена операција на територијата на Украина“, рече тој.

Украина вчера ги обвини руските авиони дека од украинскиот воздушен простор пукале врз белоруските погранични села за да обезбедат изговор за офанзивата. Наводните напади се случија кога белорускиот лидер Александар Лукашенко се сретна со рускиот претседател Владимир Путин во Москва.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Повредата е толку осетлива што од минута во минута создава нови проблеми“ вели мајката на повредениот син во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

(Видео)Нов протест за Фросина – нејзиното семејство незадоволно од пресудата

Дејан Дејан

Oбвинителството предлага Крешник Бектеши да оди во куќен притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе