Вести Свет Топ вести

Украина го обвини Путин дека подготвува терористички напад врз Чернобил

Неколку часа по руското бомбардирање на градот Днипро во централно-источна Украина, погодената фабрика за чевли се уште гори. Облаци од остар чад се издигнуваат од урнатините додека пожарникарите го гасат пожарот. Жителите се збунети…Днипро беше безбеден град, иако сирените за воздушни напади се слушаа секое утро, луѓето ги гледаа гранатите над нив, но ниту една не падна во овој индустриски центар се до денеска. Убиено е најмалку едно лице. Руските напади се со несмален интензитет, а на нишан им се веќе и градовите во централниот дел на Украина. Но, претседателот Зеленски изјави дека Киев направил стратешки пресврт во војната за победа со Русија, но дека не може да предвиди колку ќе траат борбите.

Невозможно е да се каже уште колку дена ќе ни требаат да ја ослободиме нашата земја, но може да се каже дека ќе го направиме тоа затоа што се стремевме кон тоа. Затоа што дојдовме до стратешки пресврт. Веќе одиме кон нашата цел, кон нашата победа. Ова е патриотска војна. Војна со многу тврдоглав непријател кој не обрнува внимание на илјадниците свои убиени луѓе, убиени војници, рече Зеленски. 

 Во еден од денешните напади убиен е рускиот мајор генерал Андреи Колешников, тврдат странските разузнавачи. Дека воената операција на Русија не оди според планот е токму присуството на висока воена фигура бојното поле. Дополнително, што Киев обвинува е дека Русија планира терористички напад на нуклеарната централа Чернобил, со што би се создала технолошка катастрофа, а окупаторите планираат одговорноста да и ја префрлат на Украина. Вчера Меѓународната агенција за атмоска енергија загуби контакт со централата, а попладнево руските трупи се обиделе да ја преземат контролата и врз уште една нуклеарна централа во Запорожје. Русија се обидува да ја испровоцира и Белорусија. Киев тврди дека се обидуваат и Белорусија да ја вовлечат во војна. Сепак Лукашенко кој веднаш допатува во Мосва, со Путин се договорија за економска независност и белорускиот претседател останува на ставот дека Украина е виновна за оваа војна, а за да напредува и помагаат странски платеници.

Повторно ќе кажам, тие не само што се подготвуваа да го нападнат Донбас, туку зазедоа позиции да извршат удари против Белорусија. Како што веќе реков вчера, овие странски платеници се движат по белоруската граница кон станицата во Чернобил, изјави белорускиот претседател Лукашенко. 

Во меѓувреме, американскиот претседател Бајден воведе нови санкции. Забрани увоз на руски дијаманти и вотка. Америка продолжува да испраќа воена и хуманиртарна помош за Украина, но нема да влезе во директен конфликт со Русија , рече Бајден.

Директната конфронтација меѓу НАТО и Русија е Трета светска војна, нешто што мора да се стремиме да го спречиме. Но, веќе знаеме дека војната на Путин против Украина никогаш нема да биде победа, порача Бајден 

 Но, Русија денеска во советот за безбедност на ОН, обвини дека во соработка со Америка – Украина развиваат опасни експерименти со билошоко оружје, нешто што сите членки во советот го негираа со став дека немаат информации за развој на ваква програма. Она од што најмногу се плашат се нуклеарните централи во Украина кои ниту во еден момент не се безбедни.

Алиса Шутиноска

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Децата мора да се охрабруваат да говорат за булингот“ пораки од работилница во Гази Баба на општествено одговорната кампања „Крени Глас“ на Макпетрол

Дејан Дејан

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “SupportКоcani“

Дејан Дејан

Пет барања испрати семејството на Фросина од протестот по пресудата од 12 години за Васил Јованов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе