Вести Економија Свет

Инфлацијата во САД највисока од 1982 година

Инфлацијата во САД во февруари порасна за 7,9 отсто на годишна основа, објави Канцеларијата за статистика на Министерството за труд.

Тоа е најголемото забрзување на стапката на раст на потрошувачките цени од јануари 1982 година, кога американската економија се соочи со двојна закана – зголемување на инфлацијата и опаѓање на економскиот раст, јави Си-Ен-Би-Си.

На месечно ниво, растот на потрошувачките цени во февруари изнесува 0,8 отсто.

Економистите анкетирани од Дау Џонс предвидоа дека општата инфлација ќе се зголеми за 7,8 отсто на годишно ниво, а месечно за 0,7 отсто.

Цените на храната се зголемија за 1,0 отсто во однос на јануари, доде ка цените на енергијата водеа со пораст од 3,5 отсто и придонесоа околу една третина за вкупниот раст на инфлацијата.

Базичната инфлација, без нестабилните цени на храната и енергијата, се зголеми за 6,4 отсто на годишно ниво, што е највисоко ниво од август 1982 година. На месечна основа, базичната инфлација се зголеми за 0,5 отсто.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ученик нападна настаничка во ООУ „Јан Амос Коменски“ – соучениците трет ден бојкотираат настава

Дејан Дејан

Мајката Невена Спасеска повикана во обвинителство, осомничена е за одземање на дете

Дејан Дејан

Битолскиот суд „одмрзна“ три милиона евра на компанијата „Руд Коп“ – на барање на Обвинителството повторно ги блокира

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе