Вести Свет Топ вести

Зошто е толку опасна идејата за испраќање полските МИГ авиони во Украина?

САД ја одбија понудата на Полска да прифати 20 борбени авиони МиГ и да биде посредник во предавањето на полските авиони на Украина. САД стравуваат дека тоа може да доведе до ескалација.

Ловците, иако управувани од Украинци, потенцијално би биле наполнети со гориво и вооружени во огромната американска воздушна база Рамштајн во Германија или во земја на НАТО поблиску до Украина. Тие би можеле да добијат и поддршка за електронско војување и тактичко таргетирање од НАТО.

Како жртва на вооружен напад, Украина има право на самоодбрана. Тој може легално да добива воени материјали за своја одбрана. Киев, исто така, има право да го повика НАТО да се вклучи во борбата, на пример со воведување зона на забранети летови над Украина.

Москва може да го протолкува појавувањето на полските авиони како директна интервенција на НАТО

Сепак, Москва ја гледа својата инвазија како оправдана самоодбрана против НАТО, заедно со нејзиното лажно тврдење дека на етничките Руси им се заканува геноцид во источна Украина, пишува Би-Би-Си. Кремљ може да се чувствува заглавен и да ја смета воената интервенција на НАТО како директно учество во војната на Русија.

Москва може да тврди дека вклучувањето на авиони на членките на НАТО е начинот на кој оваа организација се вклучи во војната.

Русија досега го толерираше Западот да испраќа оружје на Украина за одбрана, но распоредувањето воени авиони би било значаен чекор за ескалација. Дури и ако тие беа стационирани во Украина, Москва може да тврди дека НАТО обезбеди оружје што го шири конфликтот на руска територија.

Пентагон: Предлогот на Полска за авиони не е „одржлив“,

Портпаролот на Пентагон Џон Кирби рече дека можноста авиони од базата на САД и НАТО во Германија „да летаат во воздушниот простор над Украина што е во конфликт со Русија предизвикува сериозна загриженост за целата алијанса на НАТО“.

„Ќе продолжиме да се консултираме со Полска и со другите наши сојузници во НАТО за ова прашање и тешките логистички предизвици што тоа ги поставува, но не веруваме дека предлогот на Полска е одржлив“, рече Кирби.

Полското Министерство за надворешни работи во вторникот соопшти дека Полска е подготвена да ги испрати сите свои авиони МиГ-29 во воздухопловната база Рамштајн во Германија и да ги стави на располагање на Соединетите држави, и ги повика другите членки на НАТО кои го поседуваат тој тип да го сторат истото.

Полска претходно не се консултираше со Вашингтон за одлуката, изјави во вторникот американскиот државен потсекретар Викторија Нуланд, иако американската администрација разговараше за барањето на Украина да и се дадат полски авиони.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео)Нов протест за Фросина – нејзиното семејство незадоволно од пресудата

Дејан Дејан

Oбвинителството предлага Крешник Бектеши да оди во куќен притвор

Дејан Дејан

Цената на струјата и парното ќе ја утврдуваат експерти од енергетски компании – измени во Законот за енергетика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе