Рускиот ТВ водител Дмитриј Кисељов вечерва одржа монолог на руската државна телевизија во кој се запраша „зошто ни е потребен светот ако Русија не е во него“.
Кисељов се осврна на најавата на Путин дека ги става нуклеарните сили во состојба на висока готовност.
„Нашите подморници се способни да лансираат 500 боеви глави, што гарантира уништување на САД и на сите сојузници на НАТО.
Ова е според принципот – „зошто ни треба светот ако Русија не е во него“.
Руското нуклеарно оружје го доставуваат најбрзите стратешки бомбардери во светот. Севкупно, нуклеарната способност на Русија е најмоќна во светот“, рече тој.
„Сега целата руска нуклеарна тријада е подигната на високо ниво на тревога. Путин ги предупреди. Не обидувајте се да ја исплашите Русија“, рече рускиот ТВ водител.