Вести Најважни Свет

ЕУ за првпат ќе купува смртоносно оружје за нападната земја

Киев е опколен од сите страни и руската војска може да влезе секој момент, алармираше вечерва градоначалникот Виталиј Кличко. Сите излези од градот се затворени, сирените алармираат на секој час за опасност од воздушни напади. Граѓаните засолнати во скривниците и подземната железница ги чека уште една тешка ноќ. Киев не е бомбардиран уште од 1941-вата, ова што сега го гледаме е ужас, затоа секој час е важен, предупредува Кличко.

Толку е чудно да се слушаат експлозии во градот, од ден на ден, и пукотници. И гледајќи ги сите слики низ целата земја, каде луѓето страдаат. Киев, влегува во хуманитарна катастрофа. Затоа, секој час е важен, предупредува ВИТАЛИЈ КЛИЧКО, ГРАДОНАЧАЛНИК НА КИЕВ

ЕУ брза да ги изгласа одлуките кои ќе и помогнат на Украина. За првпат во својата историја одлучи да финансира смртоносно оружје, што според Брисел се урива уште едно табу дека Европа не снабдува со оружје во војна.

ЕУ уште еднаш излегува со поддршка за Украина воведувајќи санкции за агресорот, а тоа е Путиновата Русија. За првпат ЕУ ќе го финансира и достави оружјето и друга опрема за земја која е нападната. Ова е момент на пресврт, изјави УРСУЛА ФОН ДЕР ЛАЈЕН, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЕК

Руските авиони од денеска целосно се забранети за прелет во воздушниот простор на унијата, а се забрануваат и државните медиуми Раша Тудеј и Спутник.

Да бидам јасна. Нашиот воздушен простор ќе биде затворен за секој руски авион – а тоа ги вклучува и приватните авиони на олигарсите. Второ, во уште еден чекор без преседан, ќе ја забраниме во ЕУ медиумската машина на Кремљ. Државните Russia Today и Sputnik, како и нивните подружници, веќе нема да можат да ги шират своите лаги за да ја оправдаат војната на Путин и да сеат поделеност во нашата Унија, вели фон дер лајен. 

Помошта за Украина во храна и муниција се собира и испраќа од сите западни земји. Но, Русија се закани дека конвоите кои ќе пренесуваат смртоносно оружје за Украина можат да станат цел на хируршки прецизни напади. Но, реагираше доскорешниот пријател – Турција, која од денеска ја промени реториката. Конечно го употреби зборот војна и го ограничи минувањето на руските воени бродови од Средоземното Море до Дарданелите и Босфорот.

Руската војска употребила две третини од својот воен капацитет, велат американските разузнавачи.

Откако прво го освоија вториот по големина град Харков, а брзо потоа и го загубија, руските војници за првпат признаа дека има загуби во нивните редови. Сепак жителите на Харков сведочеа на жестоки улични престрелки, за кои велат дека наликувале како филмот „војна на ѕвездите“.

Шетата која ја направи руската војска врз украинските градови е толку сериозна што луѓето ќе мора да живеат во услови кои не се видени од Втората Светска Војна. Украина поднесе тужба против Русија во Меѓународниот суд во Хаг, а бара и да и се одземе правото на глас во Советот за безбедност на ОН.

Претседателот Зеленски повика на странски доброволци кои би и се приклучиле на битката против Русија, чии воени акции рече дека се граничат со геноцид.

Алиса Шутиноска 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Петрушевски во Топ Тема: Предлог законот на СДСМ за настраданите во Кочани е неприменлив во некои членови и делумно неуставен

Дејан Дејан

Бочварски во Топ Тема: Освен финансиска помош законот за помош на семејствата на настраданите во Кочани ќе има и здравствена и социјална компонента

Дејан Дејан

Бизнисменот Крис Павловски за Телма вели дека тој не ја организирал посетата на македонската влада во Вашингтон на инаугурацијата на Трамп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе