Вести Свет

Полицијата во париз застрела маж кој им се заканувал со нож

Париската полиција утрово застрела маж, кој на железничката станица Гар ди Нор со нож се заканувал на полициската патрола.

Засега неименуваниот маж бил погоден од огнено оружје откако со нож, пошол кон полицајците, заканувајќи им се. На ножот,  со острица од околу 30 цм, било изгравирано ACAB (англиска кратенка, навредлива за полицајците – All Cops Are Bastards). Мажот починал од здобиените рани, а немало повредени меѓу полицајците.

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин ја потврди информацијата на Твитер и ја поздрави акцијата на полицијата која „ја отстрани секоја опасност за патниците и за себе“.

Поради инцидентот утрово неколку возови доцнел.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даунинг Стрит 10: Партнерството го отсликува се подлабокото пријателство помеѓу двете земји

Дејан Дејан

Секое планирање во енергетиката мора да биде долгорочно, вели Божиновска

Дејан Дејан

Божиновска: Ќе се зголеми производството и ќе се намали цената

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе