Вести Најважни Свет

Бајден и Путин преку телефон ќе ја гасат украинската криза

Американскиот претседател Џо Бајден и рускиот претседател Владимир Путин денеска треба да имаат нов телефонски разговор, додека стравувањата дека Русија може да ја нападне Украина стануваат се поконкретни и поголеми.

САД вчера предупредија дека таквиот напад би можел да се случи во следните 10 дена, а западните влади ги повикаа своите граѓани да ја напуштат Украина.

И македонското МНР ги повика своите државјани да се повлечат од Украина, да не патуваат во оваа држава наредните денови и доколку се таму да се пријават во амбасадата во Киев.

Последната информација е дека Русија го повика персоналот во својата амбасада во Украина да се евакуира.

Откако американскиот претседател синоќа одржа конференциска врска со неколку светски лидери, неговиот советник за национална безбедност Џејк Саливан на новинарите им соопшти дека новата загриженост е дека нападот, за кој долго се стравуваше, може да почне и пред завршувањето на Зимските олимписки игри на 20 февруари.

-Најбрзиот начин да се стави крај на ова ќе биде Русија да ги деескалира своите сили, рече тој.

И Русија и САД тврдат дека другата страна го побарала телефонскиот разговор.

-Навистина, американската страна побара разговор со претседателот Путин, а разговорот меѓу двајцата претседатели треба да се одржи во вечерните часови, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков додаде дека „американската страна пред барањето, испратила и писмо“.

Тој, исто така, кажа дека Путин за денеска очекува и разговор со францускиот претседател Емануел Макрон.

Американски официјален претставник, пак, кажа дека телефонскиот разговор меѓу претседателите Русија го предложила за в понеделник.

-Контра-предлогот на Белата куќа беше разговорот да се одржи  в сабота, што тие го прифатија, рече претставникот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даунинг Стрит 10: Партнерството го отсликува се подлабокото пријателство помеѓу двете земји

Дејан Дејан

Секое планирање во енергетиката мора да биде долгорочно, вели Божиновска

Дејан Дејан

Божиновска: Ќе се зголеми производството и ќе се намали цената

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе