Вести Свет

Бајден: Американците веднаш да ја напуштат Украина

Американскиот Стејт департмент и претседателот Џо Бајден ги повикаа Американците во Украина веднаш да ја напуштат земјата, повикувајќи се на разузнавачките податоци кои посочуваат на зголемена закана од руска инвазија. Бајден тврди дека во случај на воен конфликт нема да испрати американски војници да евакуираат државјани на САД од земјата, како што беше случајот со Авганистан. Вели дека од другата страна е една од најголемите армии во светот, и ситуацијата може брзо да излезе од контрола.

  • Во кои сценарија би испратиле американски војници да евакуираат Американци?, праша новинарот  Лестер Холт од NBC News
  • Не постојат такви. Тоа ќе биде Светска војна. Кога Американците и Русите ќе започнат да пукаат еден на друг, тогаш тоа е многу поразличен свет, каков што до сега не сме виделе, одговори Бајден.

За разлика од другата страна на океанот, европските лидери го задржуваат воздржаниот тон и продолжуваат преку интензивна дипломатија да бараат начини за деескалација на ситуацијата околу Украина.

Доцна синоќа, по 9 часа преговори заврши средбата во нормандискиот формат меѓу претставниците на Русија, Украина, Франција и Германија, а двете најзасегнати страни веднаш потенцираа дека напредок не бил постигнат. Целта на овие средби е ставање крај на осумгодишниот конфликт во Источна Украина, но иако до сега не вродија со плод, сите страни тврдат дека постои вољја за постигнување договор.

  • Имаме проблеми за кои се потребни решенија, но најважно е што постои вољја да се пронајдат решенијата, знаете, имаме вољја да постигнеме договор и ќе продолжиме да работиме., изјави Андриј Јермак – Шеф на кабинетот на украинскиот претседател

Кризата се продлабочи откако Москва распореди околу 100.000 војници во близина на украинската граница, што ги предизвика САД да ја обвинат дека подготвува напад врз земјата. Како одговор НАТО започна со распоредување на сопствени трупи за зајакнување на источното крило на Алијансата. Руската демонстрација на сила продолжи со низа копнени, поморски и воздушни воени вежби, како самостојно, така и заеднички со Кина и Белорусија.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Билатералните теми да не бидат пречка на европскиот пат, вие имате уште реформи – пораки на Мајнл–Рајсингер, МНР на Австрија

Дејан Дејан

Притисок врз Путин за мир во Украина – пораки од Самитот во Тирана

Дејан Дејан

ЕСМ низ бројки – милиони евра плус за плати, милиони евра плус за долгови и пенали

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе