Вести Свет

Трас: Војната во Украина би била катастрофа за Европа

Велика Британија денеска ја предупреди Москва дека евентуална инвазија врз Украина ќе биде погубна за Русија, Украина и Европа и оти ќе предизвика огромни трошоци.

– Всушност војната во Украина би била погубна за рускиот и украинскиот народ и за европската безбедност, а НАТО јасно стави до знаење дека секој упад во Украина ќе има огромни последици и сериозни трошоци, истакна шефицата на британската дипломатија Лиз Трас на средбата со рускиот колега Сергеј Лавров во Москва.

На почетокот на средбата Лавров изрази надеж дека Москва и Лондон ќе успеат да ги обноват механизмите на билатералната соработка, „како и бројните меѓуресорски врски што одамна беа прекинати одамна, но, не на наша иницијатива“.

Лавров додаде дека односите помеѓу Русија и Велика Британија се на најниско ниво.

Денешниот состанок е без преседан, бидејќи утре нашите министри исто така ќе разговараат во Москва, посочи Лавров.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Билатералните теми да не бидат пречка на европскиот пат, вие имате уште реформи – пораки на Мајнл–Рајсингер, МНР на Австрија

Дејан Дејан

Притисок врз Путин за мир во Украина – пораки од Самитот во Тирана

Дејан Дејан

ЕСМ низ бројки – милиони евра плус за плати, милиони евра плус за долгови и пенали

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе