Маринела Берета живеела сама во близина на езерото Комо во Ломбардија. Службеникот за печат на градското собрание на Комо, Франческа Манфреди, изјави за Си-Ен-Ен дека распаднатото тело на жената било пронајдено од страна на противпожарната служба во Комо по жалбите дека дрво паднало во нејзината градина поради обрасната вегетација.
Според вестите на SkyTg24, телото на Берета е пронајдено 2 години подоцна како седи на стол во дневната соба.
Манфреди за Си-Ен-Ен изјави дека причината за смртта на Берета е непозната, а иследникот утврдил дека таа починала кон крајот на 2019 година врз основа на степенот на распаѓање.
Општина Комо покрена истрага дали некој од роднините на жената ја посетил и дали има преживеан член на семејството.
Манфреди објасни дека телото на Берета е чувано во мртовечница и датумот на погреб се уште не е одреден.