Вести Свет

Во Вашингтон средба Бајден – Шолц

Европските челници продолжуваат со дипломатска офанзива. Макрон во Москва, а германскиот канцелар Олаф Шолц во Вашингтон на средба со американскиот птретседател Џо Бајден. Америка и Германија се обединети што се однесува до воведување санкции кон Русија, изјави германскиот канцелар. Санкциите најмногу се однесуваат на Северен Ток 2, гасот кој русија го пренесува до европа, а кој се уште не е пуштен во употреба

Ако Русија изврши инвазија, што значи тенкови и војска ја поминат границата на Украина повторно, тогаш нема повеќе гасовод „Северен поток-2“, изјави Бајден на заедничкиот брифинг со германскиот канцелар Олаф Шолц.  

Канцеларот сепак одби да каже дали поддржува или не можност 11 милијарди долари вредниот цевковод да биде прекинат. Германија сепак настапува внимателно по тоа прашање бидејќи над 50 отсто од потребите за гас ги добива од Русија, посебно откако изминатата деценија таа се откажа од нуклерната енергија и ги затвори своите атомски центали. Прашан за енергетската криза во Европа, Шолц изјави дека е можно да го санкционираат проектот Северен Ток 2, и брзо да се насочат кон обновливите извори на енергија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Дејан Дејан

(Видео) Силјановска Давкова: Не го разбирам потегот на Таравари да излезе од влада

Дејан Дејан

(Видео) Сиљановска Давкова: Во понеделник наутро ќе го поднесам мојот предлог за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе