Импровизирани експлозивни механизми поставени пред домовите на новинар и претседателот на Федерацијата на полицајци, оштетени канцелариите на компанијата- концесионер на атинскиот автопат „Атики одос“ и фрлени летоци и испишани слогани на Министерството за климатска криза и цивилна заштита беа регистрирани во текот на ноќта во Атина, без да има повредени лица.
Пред домовите на новинарот Димитрис Камбуракис од телевизијата „Скај“ и на грчката Федерацијата на полицајци Василис Думас во два одвоени случаи, во две атински населби експлодираа импровизирани механизми со плински боци и бензин што предизвика мала материјална штета и не е познато дали зад двата инциденти е ист сторител или сторители.
Новинарот Камбуракис објави видео од безбедносни камери на кое се гледа лице кое пред влезната врата остава кеса со боците и бензинот, ги пали, бега, по што следи експлозијата.
Портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому рече дека нападите на домовите на Камбуракис и Дума, „претставуваат криминални дејствија што никој демократски граѓанин не може да ги толерира и додаде дека исто така, „неприфатливи и длабоко антидемократски се нападите од насилниците од „Рувиконас“.
Истакна дека државата ќе направи се што е потребно за да се изведат сторителите на овие дела пред лицето на правдата, потенцирајќи дека се подразбира осудата на сите инциденти.