Вести Економија Македонија Топ вести

Бислимовски: Ќе и ја одземеме лиценцата на БЕГ во моментот кога ќе престане да испорачува топлинска енергија

“Балкан енерџи груп” (БЕГ) ќе остане без лиценца во моментот кога ќе престане да испорачува топлинска енергија во Скопје, а одговорноста за снабдување со топлинска енергија ќе ја преземе Владата, откако претходно денеска БЕГ соопшти дека има пари за набавка на гас до крајот на денешниот ден, вели претседателот на Регулатроната комисија за енергетика Марко Бислимовски.

„Предлогот што го понуди БЕГ за Регулаторната комисија е неприфатлив, имајќи предвид дека сите опции што ги понудија и Регулаторната комисија и Владата, БЕГ и ТЕ-ТО ги одбија. Се разбира дека одговорноста за снабдување со топлинска енергија ќе си ја преземе Владата кога веќе БЕГ кажува дека тоа нема да може да го прави од сабота, но затоа Регулаторната комисија ќе им ја одземе лиценцата за работата. Дополнително, нека не очекуваат некој друг да им го реши проблемот за тие во мај да се вратат како принцеви на бели коњи. Сè што треба да преземе државата за да си ги заштити граѓаните, ќе преземе“, вели Бислимоски за САКАМДАКАЖАМ.МК.

Владата на вчерашната седница не ја одзеде лиценцата на БЕГ, туку проблемот со струјата и парното одлучи да го решава со еден потег. Ќе се активира во полн капацитет ТЕ-ТО, и ќе работи од 5 наутро до 1 часот по полноќ наредниот ден, седум дена во неделата, а не само пет.

Министерот за економија Крешник Бектеши појасни дека АД „ТЕТО“ ќе работи седум дена во неделата во период од 05 до 01 часот со полна моќност, а АД ЕСМ ќе го откупува вишокот на електрична енергија што компанијата нема да го продаде на слободниот пазар, за што денеска ќе биде потпишан договор меѓу двете компании.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Сите за Кочани трчаме“ заедно е слоганот под кој на 25 мај ќе се организираат хуманитарни трки во седум градови во земјава

Дејан Дејан

Бремена Израелка убиена на Западниот Брег

Дејан Дејан

ДУИ: Албанците да бидат застапени при изборот на нов гувернер

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе