Вести Ковид19 Свет

Претреси низ Германија, полицијата заплени лажни ковид-сертификати, отворени повеќе истраги

Полицијата во Германија денеска изврши претреси во повеќе од 100 станови и лекарски ординации поради сомнеж дека фалсификувале ковид-сертификати.

– Полицијата заплени повеќе ковид-сертификати и мобилни телефони, а од многумина од осомничените се земени примероци од крв, соопшти полицијата. Како што беше нагласено, полициската акција не наишла на отпор кај осомничените.

Против лица кои свесно побарале од лекар потврда без вакцинација се води истрага поради сомнеж дека помагале за сторено кривично дело фалсификување службени документи и повреда на законот за заштита од инфекции.

Претреси се извршени во неколку сојузни покраини, а граѓаните ги погоди фактот што автомобили со регистерски таблички од цела Германија се собираат пред лекарска ординација во баварската покраина.

Во Германија во моментов се води дебата за воведување на општа обврска за вакцинација против коронавирус, која покрај владејачката социјалдемократско-зелено-либерална коалиција, ја поддржува и демохристијанската опозиција.

Според анкетата што ја спроведе неделникот „Шпигел“ спроведена претходно оваа недела, 64 отсто од анкетираните германски граѓани го поддржуваат воведувањето на задолжителна вакцинација.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи нови кадровски решенија по одлуката на Таравари

Дејан Дејан

Врховниот суд ја укина пресудата со 3 години затвор за Васил Јованов, но Кривичниот ја наведе како отежителна околност при изрекувањето на 12 години затвор за прегазувањето на Фросина Кулакова

Дејан Дејан

Петрески: Трошокот за општеството е поголем од унгарски кредит, бидејќи каматната стапка ја плаќаат даночните обврзници

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе