И покрај појавата на африканската свинска чума зголемување на цената на свинското месо нема да има, бидејќи се ништат свињи од високоризични, односно мали семејни фарми. Двете македонски групации за производство на свинско месо побараа од државата на терен да се применат мерките, кои пред две години се донесени. Во радиус од три километри кај делчовско Драмче веќе нема ниту една жива свиња, угинати се вкупно 195. Сега се работи на фармите кои се во радиус од 10 километри.
Пред две години на хартија донесени мерките македонското свињарството да се заштити од африканската свинска чума, но на терен не се реализирале, што е и основната причина за појава на оваа заразна болест кај свињите во две семејни фарми во делчевско Драмче оценија на денешната прес-конференција двете здруженија на фармерите Гицко и Македонско прасе.
Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николче Бабовски со став дека како Агенција ги реализирале сите активности на терен, направена била категороризација на фармите, направен е попис, а сега се прави и вонреден попис на свињите.
Вознемирувачка и лоша е веста за големите и малите фармери влегувањето на африканската свинска чума со која се загрозува бизнисот од 180 милиони евра на 11.000 семејства. Двете здруженија побараа безкомпромис да почне и реализација на Програмата за покачување на биосигурноста на фармите и контиунирани инспекции на терен.
Во моментов уништени се 195 свињи во радиус од три километри околу делчевско Драмче, каде што се појави првиот случај на оваа болест. Во моментов се работи на терен на фармите кои се во радиус од 10 километри.
Станува збор за над 740 свињи, кои ќе се испитат, а потоа ќе бидат однесени во кланици. Одгледувачите во делчевско ќе бидат обештетени согласно пазарната цена.
Иако оваа болест се појави на наша територија, не се очекува зголемување на цената на свионското месо, бидејќи станува за уништување на свињи во мали семејни фарми, кои и досега го загрозувале македонското свињарство, а а во сила е и мерката на заммрзнати цени.
Викторија Јованова