Економија Свет

ИутеКредит купи 10 отсто од акциите на EnergBank Молдавија

Естонската финтек компанија ИутеКредит ги купи првите 9,976% од акциите на молдавската EnergBank, што е првиот чекор на компанијата кон станување банка.

При трансакцијата на молдавската берза се купени 199.519 акции по цена од 170,44 леи по акција, со вкупна вредност од 1,7 милиони евра.

„ИутеКредит станува акционер во банката, а  како што добро информирани извори веќе открија за молдавскиот печат, ние всушност добивме одобрение од молдавската централна банка за купување на EnergBank. Ќе продолжиме да работиме за да ја постигнеме посакуваната цел“, изјави Тармо Силд, извршен директор на IuteCredit Europe.

Според Лилијан Гузун, извршен директор на ИутеКредит Молдавија, вклучувањето на ИутеКредит во EnergBank ќе ја поттикне дигитализацијата на банката преку носење на најдобрите практики од Балтикот и Скандинавија.

Силд смета дека во следните две години компанијата би можела да достигне еден милион клиенти и биланс на состојба од една милијарда евра, а дел од планот е и купувањето на банката.

„ИутеКредит мора да стане лесно достапна и брза финтек необанка, парите треба да се движат многу слободно, непречено, како човековиот говор. Во исто време, нашето главно ветување е да понудиме извонредно искуство во личните финансии, така што одржувањето на човечкиот контакт е многу важно во време кога технологијата станува сè поголем дел од нашите животи“, изјави Силд.

Покрај купувањето на банката, ИутеКредит планира да ги прошири сите услуги што компанијата ги нуди преку мобилните телефони и да понуди можности за инвестирање.

ИутеКредит во следните години има намера да се прошири и надвор од границите на своите сегашни основни пазари и да го прошири своето портфолио на услуги.

„Повеќето од моменталните приходи доаѓаат од рати и кредити, но во иднина дигиталните плаќања би можеле да сочинуваат половина од портфолиото на компанијата“, рече Силд.

ИутеКредит, која е основана во 2008 година, е водечка европска компанија за лични финансии. Групацијата е специјализирана за потрошувачки кредити преку своите подружници кои се 100% во нејзина сопственост.

ИутеКредит во моментов опслужува клиенти во Македонија, Молдавија, Албанија, Босна и Херцеговина и Бугарија. Мисијата на ИутеКредит е да создаде извонредно корисничко искуство во личните финансии преку надминување на очекувањата на клиентите.

Комерцијалната банка EnergBank S.A. работи на финансискиот пазар на Република Молдавија веќе 25 години. Во овој период, банката стана една од најдобрите средни финансиски институции во земјата, со вкупна актива од 2,96 милијарди леи (147 милиони евра) до 30.11.2021 година. Со својата широка мрежа од 45 филијали и агенции, банката обезбедува целосен опсег на услуги посветени најмногу на физички лица и мали и средни бизниси, нудејќи финансиски услуги низ целата земја.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Петрески: Трошокот за општеството е поголем од унгарски кредит, бидејќи каматната стапка ја плаќаат даночните обврзници

Дејан Дејан

САД бараат од НАТО-сојузниците прифаќање на пет проценти од БДП за одбрана

Дејан Дејан

САД и Саудиска Арабија потпишаа економски договор кој опфаќа енергетска и судска соработка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе