Вести Ковид19 Свет

Сојот Омикрон во Канада за 40 дена донесе повеќе случаи од 2020 година

Варијантата Омикрон, првпат откриена во Канада на 29 ноември 2021 година, продолжува брзо да се шири низ целата земја.

Според податоците на Сојузното Министерство за здравство и Агенцијата за јавно здравје, во бранот Омикрон во изминатите 40 дена се регистрирани вкупно 777.609 нови случаи.

Помеѓу 15 февруари 2020 година и 31 декември 2020 година, што се смета за почеток на епидемијата на Ковид-19, биле забележани 581.395 случаи.

Од друга страна, бројот на случаи на Ковид-19, кој на 3 јануари 2022 година изнесуваше 2.268.241 низ Канада, достигна 2.595.280 со зголемување од 327.039 во еднонеделниот период до 10 јануари 2022 година. Бројот на заболени, кој во минатата недела изнесуваше 34 илјади дневно, се зголеми на 46 илјади 719.

Бројот на луѓе кои ги загубија животите поради Ковид-19 во Канада од 3 до 10 јануари 2022 година се зголеми за 479, зголемувајќи се од 30.384 на 30.863.

Трудо: Имаме доволно вакцини за секого

Во меѓувреме, канадскиот премиер Џастин Трудо објави дека има доволно вакцини во земјата за секој да може да прими четврта доза.

Трудо на онлајн состанок со државните премиери рече дека имаат доволно вакцини при рака за две дози, по што следи засилена трета доза, а потоа и четврта доза.

Трудо изјави дека 140 милиони комплети за брз тест ќе бидат испорачани во сите држави овој месец.

Бројот на луѓе кои примиле две дози вакцина во Канада изнесува 29.541.242, а 10 милиони 348 илјади 741 лице примиле трета доза вакцина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даунинг Стрит 10: Партнерството го отсликува се подлабокото пријателство помеѓу двете земји

Дејан Дејан

Секое планирање во енергетиката мора да биде долгорочно, вели Божиновска

Дејан Дејан

Божиновска: Ќе се зголеми производството и ќе се намали цената

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе