Под построги протоколи, со задолжителни маски, но и задолжителен негативен резултат од тест за домашна употреба, учениците во Грција денеска се враќаат на училиште.
Учениците и просветните работници, без разлика дали се вакцинирани или не добија бесплатни селф тестови, од кои едниот требаше да го направат во пресрет на почеткот на второто полугодие и според информации од Министерството за образование на Грција, веќе се откриени над 15 илјади потенцијални позитивни случаи.
Биле тестирани околу 1,6 милиони лица, а до рано утрово биле потврдени 15.547 позитивни селф тестови.
Учениците и просветните работници задолжително ќе се тестираат два пати седмично, со бесплатните селф тестови, а за оваа седмица ќе добијат еден тест плус.