65-годишниот американски актер и комичар Боб Сагет познат по својата ТВ серија Фул Хаус, е пронајден мртов во својата хотелска соба во Орландо, Флорида.
Полициските и противпожарните екипи, кои отишле во хотелот Риц-Карлтон на повик од обезбедувањето на хотелот, го нашле славниот актер мртов во својата соба.
Причината за смртта на актерот се уште не е откриена.
Сагет, кој глумеше во ситкомите „Фул Хаус“ и „Како ја запознав мајка ти“, настапи со комедијата „Не правам негативно“ на плажата Понте Ведра на Флорида еден ден пред неговата смрт.
Сагет глумеше во главната улога на популарната ТВ серија „Полна куќа“ во 1980-тите и 90-тите години.