Интернетот се врати во најголемиот град во Казахстан по петдневно исклучување. Животот во Алмати се нормализира, а јавниот превоз веќе е во функција – за прв пат од почетокот на немирите во земјата.
Услугите на јавниот транспорт продолжуваат на секои 20 до 30 минути, а големите синџири на пазари се отворени за бизнис, се вели во соопштението на локалните воени претставници.
„Вчера беа отворени 28 експозитури на супермаркети во сите делови на градот, а денеска се отворени уште 49 експозитури“, се вели во соопштението.
Алмати, поранешниот главен град на Казахстан, беше речиси целосно офлајн од средата, но локалните и странските веб-страници се повторно достапни од денеска.
Во Казахстан денеска е прогласен ден на жалост по најтешките немири во независната историја на поранешната советска република.