Вести Свет

Животот се враќа во нормала во Казахстан по смртоносните немири

Интернетот се врати во најголемиот град во Казахстан по петдневно исклучување. Животот во Алмати се нормализира, а јавниот превоз веќе е во функција – за прв пат од почетокот на немирите во земјата.

Услугите на јавниот транспорт продолжуваат на секои 20 до 30 минути, а големите синџири на пазари се отворени за бизнис, се вели во соопштението на локалните воени претставници.

„Вчера беа отворени 28 експозитури на супермаркети во сите делови на градот, а денеска се отворени уште 49 експозитури“, се вели во соопштението.

Алмати, поранешниот главен град на Казахстан, беше речиси целосно офлајн од средата, но локалните и странските веб-страници се повторно достапни од денеска.

Во Казахстан денеска е прогласен ден на жалост по најтешките немири во независната историја на поранешната советска република.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Романците гласаат во одлучувачки втор круг на претседателските избори

Дејан Дејан

Хутите тврдат дека лансирале балистички ракети кон аеродромот „Бен Гурион“ во Израел

Дејан Дејан

(ФОТО) Мексички воен брод удри во Бруклинскиот мост – загинаа двајца морнари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе