Вести Свет

7 лица го загубија животот во Бразил откако врз нивните чамци се урнал дел од карпа

Страотна трагедија се случи и во Бразил, каде огромно парче се одрони од карпа и се урна директно врз чамци преполни со луѓе во близина на водопад во едно езеро во државата Минас Жераис. Најмалку 7 лица го загубиле животот а на социјалните мрежи се појави и видео, чија автентичност ја потврдија бразилските власти, на кое се гледа како неколку чамци се движат бавно во близина на стрмната карпа на езерото Фурнас, кога се случува одронот и огромно парче од карпа се урнува врз најмалку два од чамците со туристите.

Надлежните итно испратиле нуркачи и хеликоптери за наоѓање на преживеани луѓе.

“Ние работиме на површината од водата, како и во водата заедно со нуркачите. Истражувачката работа ќе продолжи. Соработуваме со сведоците, членовите на семејствата и локалните компании” – изјави командантот на спасувачите, Едгард Естево.

Езерото Фурнас, наречено морето на Минас, е популарна туристичка локација во оваа дрќава , речиси 400 км северно од Сао Пауло.

Државата Минас Жераис се соочуваше со поројни дождови кои доведоа до присилна евакуација на речиси 17 000 луѓе од нивните домови заради поплавите.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даунинг Стрит 10: Партнерството го отсликува се подлабокото пријателство помеѓу двете земји

Дејан Дејан

Секое планирање во енергетиката мора да биде долгорочно, вели Божиновска

Дејан Дејан

Божиновска: Ќе се зголеми производството и ќе се намали цената

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе