Вести Свет

Мировниците на воениот блок предводен од Русија ја започнаа мисијата во Казахстан

Руски падобранци се распоредени во Казахстан како дел од мировните сили во кои се вклучени војници од четири други поранешни советски републики, соопшти секретаријатот на регионалниот воен блок Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ).

Секретаријатот на ОДКБ објави видео на кое се прикажани припадници на војската како се качуваат на товарен авион кој полетал од воениот аеродром во московскиот регион.

Распоредувањето дојде како одговор на апелот на претседателот на Казахстан да помогне во стабилизирањето на централноазиската земја во услови на бран протести предизвикани од порастот на цената на горивото.

Секретаријатот рече дека главните задачи на мировниците ќе бидат заштита на важни државни и воени објекти и помош на казахстанските сили за ред и мир, а за таа цел ќе бидат распоредени 2.500 мировници.

Казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев изјави дека неговата земја е нападната од „терористи“ и апелираше за помош до воениот сојуз предводен од Русија.

Европската унија ја повика Русија да ги почитува суверенитетот и независноста на Казахстан.

„Насилството мора да престане. Ние, исто така, повикуваме на воздржаност од сите страни и мирно решавање на ситуацијата“, рече портпаролот на ЕУ.

Членовите на Организацијата на турски држави изразија подготвеност да го поддржат Казахстан поради протестите низ целата земја.

„Организацијата ја изразува својата доверба во капацитетот на казахстанските власти мирно да ги смират тензиите и да воспостават мир и ред“, се вели во соопштението на Организацијата на турски држави.

Безбедносните сили во Казахстан во текот на ноќта убија десетици демонстранти кои се обидоа да упаднат во владините згради.

„Синоќа, екстремистичките сили се обидоа да ги нападнат административните згради, градската полиција во Алмати, како и локалните полициски комесаријат. Десетици напаѓачи беа елиминирани“, изјави портпаролот на полицијата Салтанат Азирбек.

Казахстанското Министерство за здравство соопшти дека повеќе од 1.000 луѓе се ранети во деновите на зголемените немири во Казахстан.

Долго време се сметаше за една од најстабилните од поранешните советски републики во Централна Азија, богатиот со енергија Казахстан се соочува со најголемата криза во последните децении, откако деновите протести поради зголемувањето на цените на горивото ескалираа во широки немири.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Работилница на „Макпетрол“ за родители против врсничко насилство утре ќе се одржи во Гази Баба

Дејан Дејан

„Скандинавски покриви“ во македонската реалност

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Судот е мафија, таткото на Фросина за 12-годишната затворска казна за возачот кој ја прегази неговата ќерка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе