Вести Македонија

Радев бара новиот бугарски импулс да ги задржи старите барања за Македонија

Новата бугарската влада може да го интензивира дијалогот со Македонија, но на маса остануваат сите барања кои досега му се врачени на Скопје од нејзините претходници, но и од старо-новиот бугарски претседател Румен Радев. Токму шефот на бугарската држава коментирајќи го денеска временскиот рок од шест месеци кој го даде новиот бугарски премиер, Кирил Петков, за да се направи придвижување во односите со Македонија, не одговори директно дали е оптимист дека тоа е доволен рок за придвижување на работите, но ги повтори барањата кои Македонија треба да ги исполни доколку сака, како што рече Радев, Бугарија да ја отвори вратата за преговори за членство.

„Ги поздравувам намерите на бугарската влада да биде активиран дијалогот по сите важни теми од взаемен интерес. Но паралалелно со тоа очекувам да бидат решени и сите отворени проблеми. Уставни гаранции на правата на македонските Бугари. Отфрлање на говорот на омраза, што не е еднаш сум го изјавувал. Прекинување на процесите на дебугаризација и на фалсификување и на уништување на нашето илјадагодишно културно-историско наследство“, изјави Радев.

Радев инаку за в понеделник го закажа Консултативниот совет за национална безбедност на Бугарија со една точка на дневен ред – спорот со Македонија. Состанокот на највисокото бугарско државно ниво на тема Македонија доаѓа во пресрет на најавената посета на Петков на земјава и реализацијата на неговиот план за формирање на дополнителни работни групи меѓу двете земји, освен таа за историја, за придвижување на разговорите од мртва точка.

Радев пак во пресретна состанокот кој се очекува да ги унифицирање ставовите на бугарските претставници по прашањето на Македонија земјав денеска ја нарече „братска“, а Софија најголем поддржувач на европска интеграција на Западниот Балкан. Сепак тој не испушти на тоа да додаде и едно „но“:

„Но тоа зависи од индивидуалниот напредок, тоа зависи од исполнувањето на копенхашките критириуми за членство од секоја земја-кандидат. Бугарија продолжува да биде отворна за дијалог. Верувам дека сите ветувања, ангажирања од страна на нашите соседи за исполнување на нашиот двостран договор ќе бидат исполнети за да се  забрза процесот на европската интеграција, специјално на Република Северна Македонија“, порача Радев.

Бугарските барања испорачани до Македонија деновиве уште еднаш добија поддршка од македонските Бугари, кои ги повикаа политичарите во Софија да не прават отстапки, особено по прашањето на правата на Бугарите во земјава. Тие во писмо адресирано до бугарскиот државен врв и бугарските пратениците наведуваат дека идното проширување на Европската унија мора да биде засновано на еднаквост на сите народи во регионот и на оние нивни делови кои сега живеат во соседните земји. Бугарите од Македонија во писмото повторно побараа добивање на уставни гаранции за нивна рамноправност со другите народи во земјава.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Таравари објави дека крилото на АА оди во опозиција: Се враќаме меѓу граѓаните

Дејан Дејан

Телма интервју со Крис Павловски: Не сум ја организирал ниту сум ја платил посетата на македонската влада на инаугурацијата на Трамп

Дејан Дејан

„Ќе се изедначиме со ЕУ“, Трамп потпиша извршна наредба за намалување на трошоците за лекови на рецепт во САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе