Папата Франциско изјави дека паровите што имаат домашни миленици, а не деца, покажуваат себичност. Како што европското население брзо старее, демографската неволја му се заканува на континентот.
Говорејќи во Ватикан за родителството, папата Франциско рече дека во некои области миленичињата ги заменуваат децата.
„Денес гледаме еден вид себичност. Гледаме дека некои луѓе не сакаат да имаат деца, имаат кучиња и мачки кои ги заменуваат децата. Можеби ќе ги насмее луѓето, тоа е факт. Но, ова е негирање на татковството и мајчинството и не омаловажува и ни ја одзема човечноста“, рече папата Франциско.
За да го реши проблемот, католичкиот верски лидер побарал од родителите да имаат повеќе деца. Папата Франциско повика двојките без деца да бидат отворени за посвојување.
Папата рече дека имањето миленичиња наместо деца е уште еден феномен на културна деградација и дека емотивните односи со домашните миленици се полесни од сложените односи меѓу родителите и децата.
„Да се има дете секогаш е ризик, но немањето дете, негирањето на татковството е повеќе ризик“, рече папата Франциско.
Тој се заложи за поедноставување на процедурите за посвојување. Папата претходно изјави дека заработувањето пари и градењето кариера го спречува создавањето семејство на младите парови.