Германскиот производител на автомобили Мерцедес Бенц повлече повеќе од 800.000 возила ширум светот. Повлекувањето на возилата е предизвикано од дефект во системите за ладење.
Компанијата ги повлекува линиите на дизел модели од C, E и S-класа, како и SUV GLE, GLS, GLC и G-Class.
Проблемот со пумпата во системите за ладење на овие модели, кои се произведени помеѓу јануари 2017 и октомври 2021 година, беше дефиниран како важен и ризичен. Од компанијата изјавија дека станува збор за технички дефект што претставува опасност од пожар.
Од возачите било побарано да не ги користат своите возила и да одат во најблискиот салон на Мерцедес. Околу 240 илјади од над 800.000 повикани возила се наоѓаат во Германија.