Вести Свет

Ексклузивно за Телма од Казахстан успеа да се јави новинарката Жангази: Опишува зошто почнаа протестите во кои има убиени, се палат згради и се ограбуваат продавници

Ограбени продавници, запалени згради, пукотници по улиците и жители кои врескаат од страв, ова е сликата од Алмати, главниот град на Казахстан.

Зголемените цени на горивата ги натера казахстанците да излезат на улица, а нивниот револт се претвори во вооружен судир со војската и полицијата, откако демонстрантите се обидувале да влезат во зградата на Владата во текот на ноќта.

Војската била принудена да пука во нив и според тамошните медиуми, над десет војници се убиени, а има и загинати цивили, но точната бројка не се соопштува. Над 1.000 демонстранти се повредени, многумина од нив со тешки повреди од огнено оружје.

Од доцна синоќа прогласена е и вонредна состојба која ќе трае до 19-ти јануари, но ваквата одлука и синоќешните судири кои наликуваа на војна, не ги предомисли жителите на главниот град и утринава да излезат на улиците.

Телма разговараше со новинарката Мадина Жангази, која од лице место ја опиша ситуацијата.

На западната страна на Казахстан, во градот Актобе, поради зголемување на цената на горивата, поради двојното зголемување, народот излезе на улица да прави протесто. Затоа што ваквото ненадејно покачување за народот дојде тешко, и со тоа што нема зголемување на минималната плата, непокачувањето на платите е причина за ова. Потоа, власта пристапи да го решава овој проблем, и ги доведе цените на пониско ниво. Но, демонстраните инсистираа не само заради намалување на цената на горивата, туку и за други работи на пример да се зголемат платите, да се зголеме минималната плата, објаснува Мадина Жангази.

Полицијата употреби шок-бомби и солзавец за да ги растера демонстрантите, тие одговорија со фрлање камења. Владата, пак, го ограничи пристапот до социјалните медиуми, и побара помош од Русија.

Сега многу се плашиме. Она што го кажуваат политичарите во земјава, е дека помошта што ја побарале од Русија била голема грешка, затоа што тоа може да нанесе штета врз независноста на земјата. Како ќе се одвиваат работите понатаму, не знаеме, вели Мадина Жангази

Казахстан која долго време се сметаше за една од најстабилните од поранешните советски републики во Централна Азија, се соочува со најголемата криза во последните децении. И покрај огромни резерви на нафта што го прават стратешки и економски важен, незадоволството поради лошите услови за живот е силно во некои делови од земјата.

Европската унија и Обединетите нации повикаа на „воздржаност“ од сите страни, додека Вашингтон ги повика властите да им дозволат на демонстрантите „мирно да се изразат“.

Мартин Николовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Таравари објави дека крилото на АА оди во опозиција: Се враќаме меѓу граѓаните

Дејан Дејан

Телма интервју со Крис Павловски: Не сум ја организирал ниту сум ја платил посетата на македонската влада на инаугурацијата на Трамп

Дејан Дејан

„Ќе се изедначиме со ЕУ“, Трамп потпиша извршна наредба за намалување на трошоците за лекови на рецепт во САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе