Вести Свет

Ѓоковиќ повеќе од 5 часа заглавен на аеродромот во Мелбурн

Повеќе од 5 часа откако доби медицинско изземање од задолжителната вакцинација против Ковид -19 и  слета во Мелбурн, најдобриот тенисер на планетата, Новак Ѓоковиќ, се уште не може да ја помине граничната контрола.

Новак и неговиот тим , длабоко во ноќта и натаму не можат да ја поминат граничната контрола затоа што наводно еден од луѓето кои патувааат со него, доставил барање за „погрешен тип на виза“.  Целиот случај доби и политички димензии и прерасна во конфликт меѓу владата на државата Викторија и федералната влада, предводена од премиерот на Австралија Скот Морисон. Дури откако заврши сложената процедура и анонимното барање на најдобриот светски тенисер беше одобрено од страна на две стручни комисии, по лавината реакции на социјалните мрежи, Морисон изјави дека неговата влада може и да го врати Ѓоковиќ назад.

Дали навистина тимот на Ѓоковиќ, кој по 18-ти пат во кариерата треба да учествува на Отвореното првенство на Австралија во тенис, се уште не знае да пополни барање за виза или пак станува збор за политичка игра во која најдобриот играч на планетата се користи како тениско топче во конфликтот меѓу владата на Викторија и федералната власт, останува да видиме.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Телма интервју со Крис Павловски: Не сум ја организирал ниту сум ја платил посетата на македонската влада на инаугурацијата на Трамп

Дејан Дејан

Петрушевски во Топ Тема: Предлог законот на СДСМ за настраданите во Кочани е неприменлив во некои членови и делумно неуставен

Дејан Дејан

Бочварски во Топ Тема: Освен финансиска помош законот за помош на семејствата на настраданите во Кочани ќе има и здравствена и социјална компонента

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе