Вести Ковид19 Свет

Министерот за здравство на Германија: Уште 15 милиони луѓе треба да примат дополнителна доза вакцина против Ковид-19

Германскиот министер за здравство Карл Лаутербах изјави дека уште 15 милиони луѓе треба да примат дополнителна доза вакцина против Ковид-19, за да може да се запре ширењето на сојот Омикрон и да се избегне притисокот врз одделенијата за интензивна нега.

Тој додаде дека според проекциите на Институтот за јавно здравје Роберт Кох, уште 80 проценти од луѓето кои примиле две дози ќе треба да примат и трета доза.

Од 59,3 милиони луѓе (71,3 отсто од населението) кои веќе примиле две дози од вакцината, околу 32,7 милиони примиле и трета, дополнителна доза. Тоа значи дека се потребни уште 15 милиони дополнителни дози за да се премине прагот од 80 проценти, за кој виролозите веруваат дека е потребен за да се запре сојот Омикронот, кој се шири многу побрзо.

Во Германија ограничени се приватните собири за вакцинираните на максимум десет луѓе, затворени се клубови и дискотеки, а големите спортски настани се без публика, вклучително и фудбалски натпревари.

Лаутербах истакна дека ограничувањето на контактите, како и обидите да се вакцинира 80 проценти од населението, ќе го забават ширењето на сојот Омикрон.

Тој додаде дека дополнителната доза вакцина е најдобрата заштита од Омикрон.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Телма интервју со Крис Павловски: Не сум ја организирал ниту сум ја платил посетата на македонската влада на инаугурацијата на Трамп

Дејан Дејан

Петрушевски во Топ Тема: Предлог законот на СДСМ за настраданите во Кочани е неприменлив во некои членови и делумно неуставен

Дејан Дејан

Бочварски во Топ Тема: Освен финансиска помош законот за помош на семејствата на настраданите во Кочани ќе има и здравствена и социјална компонента

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе