Вести Ковид19 Свет

Во САД за еден ден над еден милион заразени со Ковид-19

Тестирата на учениците пред враќањето во училишните клупи во САД покажа дека 33% од децата се позитивни на Ковид. Донесена е одлука – илјадници уличишта нема да го започнат второто полугодие по новогодишните празници. Во Њујорк, иако силно погоден од пандемијата, каде што минатата недела секое трето тестирано лице беше позитивно на Ковид-19, градските власти одлучија поголем број училишта да останат отворени, бидејќи како што велат, најбезбедното место за нашите деца е училишната зграда. Во Сиетл, продолжен е зимскиот распуст, во училиштата наместо настава се делат брзи тестови. Обезбедени се околу 60.000 тестови, а проверката е на доброволна основа.

Многу други градови, како што се Милвоки, Кливленд и Детроит, воведоа онлајн настава и го откажаа враќањето на десетици илјади ученици на училиште оваа недела, повикувајќи се на недостиг на персонал и загриженост поради сојот омикрон.

Брзината на ширење на омикронот создаде чувство на хаос на самиот почеток на 2022 година. Во изминатите 24 часа во САД се регистрирани над еден милион заразени луѓе со Ковид-19, што е рекордна бројка од почетокот на пандемијата.

Податоците на Универзитетот Џон Хопкинс најверојатно не ја покажуваат реалната ситуација, бидејќи голем број Американци дома се тестираат за Ковид-19 и не ги пријавуваат резултатите.

Билјана Ставрова

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обвинителството бара казни за модуларна,обвинетите слобода – додека роднините на 14 загинати 3 години и 8 месеци чекаат правда

Дејан Дејан

„Македонија 2025“: Корупцијата најголем проблем, дигитализација за развој на економијата

Дејан Дејан

РЕК Битола се подготвува да отвори нов рудник на јаглен во близина на постоечките рудници

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе