Повеќе од 4.400 мигранти загинаа минатата година во обид да стигнат до Шпанија по море, соопшти шпанската невладина организација Каминандо Фронтерас.
Во 2021 година досега најголем број мигранти загинале на пат кон Шпанија, речиси двојно повеќе од 2020 година, при што се верува дека на оваа мигрантска рута загинале 2.170 лица.
Само на патот од брегот на Западна Африка кон Канарските острови загинале 4.016 мигранти, соопшти шпанската организација.
Бројот на загинати од Каминандо Фронтерас е три и пол пати поголем од оној на Организацијата за миграција на ОН. Шпанската организација вели дека нејзините активисти се во близок контакт со преживеаните од катастрофа и семејствата на мигрантите во Африка.
Во сите случаи, тврди тие, податоците од примарните извори се споредуваат со информации од мигрантските заедници, официјалните тела и други невладини организации на терен.
Веб-страницата на Организацијата за миграција на ОН, исто така, забележува дека „смртоносните несреќи често се евидентираат неколку недели или месеци по настанот, конечниот број на загинати во 2021 година е веројатно значително поголем“.