Вести Македонија Топ вести

„Макпетрол“ склучи договор со компанијата „Гаспром“ и тоа за цена што e за 30 отсто пониска од берзанската

Во врска со прашањата и со објавите во медиумите за цената на ЦНГ-метанот, „Макпетрол“ ја споделува следнава изјава:

– Цената на ЦНГ-метанот во малопродажба е во директна зависност од набавната цена на природниот гас во земјава. Доколку се споредат набавната цена во декември, кога беше 292,03 долари за 1000 кубни метри со таа во јануари 2022 година, кога достигна 890 евра за 1000 кубни метри, може да се заклучи дека само по овој основ цената на метанот би требало да се зголеми за 345 проценти.

Во овој контекст, мораме да укажеме дека „Макпетрол“ склучи договор со компанијата „Гаспром“ и тоа за цена што e за 30 отсто пониска од берзанската. Притоа, сите деловни партнери што соработуваат со нашата компанија ќе имаат обезбедно стабилна и навремена испорака.

Понатаму, во земјава има десетина трговци со лиценца за трговија со природен гас, но само „Макпетрол“ суштински ја користи за трговија со овој енергенс. Имено, нашата компанија со години склучува и реализира годишни договори директно со „Гаспром“. Тоа потврдува дека „Макпетрол“ е бренд со реноме, капацитет и со кадар да склучува и одржува вакви договори за снабдување на енергенси, како во големопродажба, така и за трговијата на мало.

Во однос на цените на овој енергенс во дел од регионот и во Европа, во медиумите беа објавени непрецизни бројки. Ситуацијата во моментот е следна, со нагласок дека во следниот период ќе продолжи да се менува:

Хрватска – Славонски Брод (субвенционирана цена од државата) 1,33 ЕУР/кг

Хрватска – Загреб 2,00 ЕУР/кг

Бугарија – 1,60 ЕУР/кг

Грција – 1,15 ЕУР/кг (се очекува зголемување на цената на 5.1.2022)

Италија – 2,50-2,80 ЕУР/кг

Германија 3,00 ЕУР/кг

Мораме да напоменеме дека за ЦНГ-капацитетите на бензинските станици треба да се вложи од 800.000 до еден милион евра. Следејќи ја досегашната, а веруваме и идната политика на компанијата, „Макпетрол“ ќе вложува и постојано ќе ги унапредува капацитетите за проширување на ЦНГ-станиците. На овој план, позитивен исчекор би бил доколку државата го олесни овој напор на компаниите или барем го подобри амбиентот за инвеститорите и за потрошувачите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Децата мора да се охрабруваат да говорат за булингот“ пораки од работилница во Гази Баба на општествено одговорната кампања „Крени Глас“ на Макпетрол

Дејан Дејан

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “SupportКоcani“

Дејан Дејан

Пет барања испрати семејството на Фросина од протестот по пресудата од 12 години за Васил Јованов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе