Жител на скопско Батинци направил двоен инцидент во текот на ноќта, еден на наплатната станица за патарина во Романовце, втор на влез во Скопје кога удрил во полициски автомобил.
30-годишниот возач на Бмв е приведен, а од полицијата не соопштија која била причината за „инцидентите“.
-Денеска (03.01.2022), полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.С.(30) од с.Батинци, скопско. Претходно, околу 01.00 часот на автопат Скопје – Куманово тој со возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, искршил рампа на наплатна станица Романовце, а на влезот во Скопје удрил во полициско возило. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.