Вести Македонија

Радев ќе го свика Советодавниот совет за национална безбедност за односот кон Македонија

Претседателот на Бугарија Румен Радев изјави дека ќе го свика Советодавниот совет за национална безбедност со цел да се разговара за односот на Бугарија кон Република Северна Македонија и да бара консензус со сите политички партии во новиот бугарски парламент. Според  МИА, Радев додаде дека за ова прашање е разговарано и со новиот премиер на Бугарија Кирил Петков.

  • Бугарија ќе ја отвори вратата на Република Северна Македонија само со гаранции и заштита на нејзиниот национален интерес. Доколку се постигне такво решение, тоа ќе биде историски чин, но да не заборавиме дека овој процес – и како време и како резултат, е целосно во рацете на земјата кандидат, изјави бугарскиот претседател Радев.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски: Рустем Умеров ќе ја предводи украинската делегација во преговорите со Русија

Дејан Дејан

Трамп: Нема напредок во преговорите додека не се состанам со Путин

Дејан Дејан

Оставката на Таравари доставена во сандачето на премиерот – позициите на Алијанса остануваат кај Вреди, потврди Меџити

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе