Вести Најважни Свет

Во превртен камион загинаа над 50 мигранти во Мексико

Најмалку 53 лица загинаа, а десетици други се повредени откако камион со кој се превезувале мигранти се превртел во државата Чиапас, во јужниот дел на Мексико. Во приколката имало над сто мигранти кои кога се случила несреќата се набиле и починале или од ударот или од задушување.

Сликите од местото на несреќата покажуваат жртви расфрлани низ патот покрај превртениот камион. Телата на луѓето се наредени и покриени со бели чаршави. Тоа е една од најтешките несреќи од ваков вид во Мексико, со најмалку 58 повредени, од кои некои потешко. Меѓу жртвите има мажи, жени и деца. Нивната националност не е потврдена, но локалните власти соопштија дека повеќето од луѓето во камионот биле од Хондурас и Гватемала.

Камионот наводно возел со голема брзина кога се превртел на остра кривина и удрил во пешачки мост на главниот пат што води до главниот град на државата Чиапас, која граничи со Гватамала, е главна транзитна точка за мигрантите без документи. Американско-мексиканската граница е една од најсмртоносните и опасни премини во светот според податоците од Меѓународната Организација за Миграција. Само оваа година над 700 луѓе починале во обид да ја преминат границата. Сепак, сиромаштијата и насилствата во земјите од централна Америка ги тера луѓето да појдат по оваа смртоносна патека.

За денешната несреќа, преживеаните сведочат дека камионот бил преполн и не можел да ја одржи рамнотежата на острата кривина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Дејан Дејан

(Видео) Силјановска Давкова: Не го разбирам потегот на Таравари да излезе од влада

Дејан Дејан

(Видео) Сиљановска Давкова: Во понеделник наутро ќе го поднесам мојот предлог за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе