Европската комисија денеска поднесе предлог говорот на омраза и криминалот од омраза да бидат вклучени во листата на кривични дела на ЕУ.
Оваа иницијатива е дел од целокупната акција на Европската комисија за да се стави крај на омразата, дискриминацијата, расизмот, сексизмот, и сите видови на дела од омраза.
Како што објаснуваат од Европската Комисија говорот на омраза бележи драстичен раст во последните години како физички така и по електронски пат.
-Постоечките ЕУ кривични дела треба да бидат проширени за обезбедиме минимални заеднички правила за дефинирање на кривичните дела и санкциите применливи во ЕУ, вели Европската Комисија во предлогот.
-Нема место за омразата во Европа, ова е спротивно на нашите темелни вредности и принципи. Потребна ни е ЕУ акција за да се осигуриме дека омразата се криминализира на ист начин секаде во ЕУ, изјави Вера Јурова, еврокомесарка за вредности и транспарентност.
Европската Комисија објаснува дека омразата изразена преку интернет има прекугранична димензија и брзо се шири. Со ова кривичните дела од омраза можат многу брзо да станат реалност преку мрежи на членови во повеќе земји во Европа.
Говорот на омраза за Европската Комисија и делата од омраза мора сериозно да се сфатат во ЕУ, вели Европската Комисија, затоа што тие ги поткопуваат членовите 2 и 6 од Повелбата на ЕУ како Повелбата за темелни права на ЕУ и имаат штетни последици врз поединци и врз општествата. Поради ова ЕК смета дека мора да се преземат мерки на ниво на ЕУ, а не само на индивидуално ниво во земјите членки, особено со оглед на тоа дека овој феномен е во пораст како поради сеприсутноста на интернетот, социјалните и економските фактори, но и поради кризата со Ковид-19 која во последните две години придонесе за овој раст.
За ЕК е потребен сеопфатен европски пристап кон овие појави.
За да стане оваа иницијатива реалност ќе треба земјите членки на ЕУ да дадат согласност и да се консултира Европскиот Парламент.