Свет

Вучиќ го врати Законот за експропријација, Владата го повлече и ќе го менува законот за референдум

Владата на Република Србија на вечерашната седница донесе одлука за повлекување на Законот за експропријација од собраниска процедура, кој беше вратен во Собранието на Србија на повторно разгледување од претседателот Александар Вучиќ.

Српската влада ќе направи анализи дали се неопходни измени и дополнувања на Законот за експропријација и доколку се утврди дека треба да се промени Законот, тоа ќе го направи со широка јавна расправа во која ќе се вклучи стручната јавност, професионалните здруженија, претставници од стопанството и граѓанското општество, се наведува во соопштението од владата.

Владата на истата седница му предложи на Народното собрание измени и дополнување на Законот за референдум и народната иницијатива, во членовите 7, 20, 43 и 44. Наведените членови се однесуваат на заверка на потписи, претставници на овластениот предлагач на органот за спроведување на референдумот и на рокот за распишување на референдум.

Со владиниот предлог се укинува таксата за проверка на потписите, а се овозможува и претставниците на овластените предлагачи да бидат дел од органот за спроведување на референдумот.

Исто така, според предлогот, нема да може да се распише референдум за истото прашање во рок од четири години, а Собранието на Србија во рок од четири години нема да може да донесе одлука различна од онаа потврдена на референдумот, се додава во соопштението.

Претседателот Вучиќ најави дека вечерва во обраќањето до јавноста ќе говори за овие закони, како и за протестите што се одржуваат две саботи по ред.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Киев и Москва утре во Истанбул на први директни разговори по 2022 година

Дејан Дејан

Одобрен 17. пакет санкции против Русија- санкциите ќе опфатат и компании од Виетнам, Србија и Турција

Дејан Дејан

„Фајзергејт“: ЕК ги прекршила правилата за транспарентност во врска со СМС пораките на Фон дер Лајен за Ковид вакцините

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе