Вести Македонија Најважни

„Беса Транс“ недостапна за вонреден инспекциски надзор

Компанијата „ Беса Транс“, во чиј автобус при сообраќајката во Бугарија изгореа 45 патници, е недостапна за вонреден инспекциски надзор, велат од Државниот инспекторат за транспорт. Од Инспекторатот вчера се обиделе, но не успеале да извршат проверка на документацијата и начинот на работа, зашто седиштето на превозникот во село Рашче и скопските претставништва биле затворени и никој не се јавувал на телефонските броеви. Според директорот на Инспекторатот, Хусеини, ќе се обидат повторно со допис за закажување термин за надзор, а ако повторно не успат, достава ќе извршат преку МВР.

Заклучени канцеларии, недостапни на телефон. Со овој проблем вчера се судриле од Државниот инспекторат за транспорт, кога се обиделе да извршат вонреден инспекциски надзор во компанијата „ Беса Транс“, чиј автобус на враќање од Турција, изгоре во сообраќајка, во вторникот рано наутро во Бугарија и однесе 45 животи. Според директорот на Инспекторатот за транспорт, недостапни биле и во седиштето на „ Беса Транс“, во Рашче и во скопските агенции.

  • Вчера отидовме во седиштето на компанијата во село Рашче, каде според евиденцијата во Централен регистар е седиштето. Просториите беа затворени, никој немаше и од тука се упативме во Скопје, каде имаат две туристички агенции. И тие агенции беа затворени. Ги баравме на службените телефони, никој не се јавуваше. И не успавме да извршиме вонреден инспекциски надзор, изјави за Телма, Руфат Хусеини-директор на Државниот инспекторат за транспорт.

Хусеини вели дека со надзорот треба да се утврди дали компанијата поседувала лиценци за превоз на патници и за меѓународен слободен превоз, изводи од лиценци за секое возило, број на вработени возачи, сертификти за компетентност на возачите за  меѓународен превоз на патници,  сертификат на управителот на компанијата и евиденција за издадени патни налози.

Министерството за транспорт, уште во вторникот соопшти дека автобусот кој изгоре на автопатот Струма, немал лиценца ниту за домашен ниту за меѓународен транспортт.

Неделникот Фокус, повикувајќи се на Министерството за внатрешни работи, објави дека  автобусот во изминативе две години дури 135 пати излегол од државата. Минатата година , според евиденцијата автобусот 22 пати направил излез и влез  во државата, а годинава дури 113 пати ја преминал државната граница.

Според МВР, автобусот бил произведен пред 14 години , а „ Беса Транс“ го регистрирала лани во Скопје , на 15 октомври, а регистрацијата важела до 13 октомври , годинава.

Телма повторно се обиде да стапи во контакт со „ Беса Транс“, но безуспешно.

Министерството за транспорт и врски ја одзеде лиценцата на превозникот бидејќи автобусот во кој загинаа 45 патници немал извод од лиценца за вршење меѓународен слободен превоз на патници, ни за друг вид јавен превоз, ниту пак возилото било евидентирано во електронската евиденција на издадени лиценци.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Констатирани оставките на Таравари, Беџети и Исмаили, функциите остануваат во „Вреди“

Дејан Дејан

Аерозагадувањето пред Комисијата за здравство – експертите со низа предлози

Дејан Дејан

Имаат девет пратеници, го чекаат 10-от – официјализирана пратеничката група на „Вреди“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе