Спорт Фудбал

Реал Мадрид ќе пазари од Лион

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез веќе почна со подготовки за активностите во летниот преоден рок.

Според пишувањето на медиумите во Шпанија, Кралскиот клуб наскоро ќе почне преговори за комплетирање на трансферите на двајца фудбалери од Лион. Перез е заинтересиран за членот на А селекцијата, Хусем Оар и младиот репрезентативец на Франција, Рајан Шерки.

Договорот на Оар завршува во 2023 година и во моментов откупната клаузула изнесува 73 милиони евра додека Шерки исто така има обврска во клубот да остане уште една сезона, но неговото обештетување во моментов е далеку пониско и за него клубот бара 20 милиони евра.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Шкендија ќе ја прослави титулата со навивачите – ФФМ ја намали казната

Дејан Дејан

Карло Анчелоти и официјално на клупата на Бразил

Дејан Дејан

ФФМ почна постапка против седум членови на Кожув: Натпреварот ќе го истражува и Јавното обвинителство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе