Наjмногу со алкохол во себе се вози во Битола, Скопје и Тетово, покажале контролите на полицијата изминатата вечее меѓу сабота и недела. Вкупно 141 возач на целата територија на државата возеле пијани.
-Во текот на изминатата вечер (13/14.11.2021) спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 141 возач. Од нив, 34 на територијата на СВР Скопје, 25 на територијата на СВР Битола, 20 на територија на СВР Тетово, соопштија од МВР.
Вчера пак за пречекорување на брзината, санкционирани се 431 возач. Од нив, 73 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 13 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 196 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 235 надвор од населено место.
Од полицијата нјавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.