Вести Македонија Топ вести

На суд ја призна вината за сообраќајната несреќа и настраданата Јелена од Куманово чиј гроб го ископаа крадци-затвореници

Пред судот призна вина, но не изрази каење. Кумановецот Никола Стефановски, возач кој беше обвинет за тешки дела против безбедноста во сообраќајот со смртни последици, за сообраќајна несреќа во која загина малолетната кумановка Јелена Филиповиќ- призна вина во судница на скопскиот кривичен суд.

На денешното, прво рочиште Стефановски призна вина за делото за кое се товари и за кое е предвидена казна затвор од најмалку 4 години.

Судијата во процесот не одлучи за казната затоа што семејството на загинатата Филиповиќ немаше адвокат кој на рочиштето само доставил откажување на полномоштво од лични причини.

Несреќата се случила лани во јануари на територија на скопски Илинден кога возачот Никола имал 20 години, додека загинатата Јелена била само неколку дена пред полнолетство. Во автомобилот со нив била и Тамара Петковска која била тешко повредена и исто така е оштетена на судскиот процес.

За случајот, пошироката јавност дозна откако гробот на починатата Јелена беше ископан на 11-ти октомври оваа година на кумановските гробишта, а сандакот и посмртните останки биле преместувани.

Полицијата и кумановското обвинителство соопштија дека зад ова ископување и сквернавење на гроб стојат тројца кумановци, од кои двајца затвореници-крадци кои биле на празничен викенд, пуштени од Идризово. Наводно барале златен накит и вредни предмети во гробот оставени при погребот.

Семејството Филиповиќ пак смета дека раскопувањето е заканувачка порака за нив, а ден претходно мајката Гордана пријавила закана од познат сторител пред семејниот дом во кумановската населба Зелен Рид. Семејството на трагично настраданата и натаму смета дека сообраќајната несреќа не е причина за смртта на Јелена Филиповиќ, туку дека после сударот таа преживеала, но е убиена.

Таткото на загинатата пак е во притвор откако во август беше осомничен дека барал платени убијци за да го ликвидираат возачот кој ја усмрти неговата ќерка. Таа истрага се уште е во тек.

Денеска покрај обвинетиот кој се товари за тешко кривично дело во судницата биле дојдени и родителите на загинатата Јелена Филиповиќ. Таткото бил донесен од притвор.

Бидејќи немале адвокат кој го откажал полномоштвото сметале дека повторно нешто се прави во слуачјот, па судијката почнала да им обајснува што значи признание на вина од обвинет. Родителите се разочарале затоа што во таква постапка нема презентација на докази, а и тие тврдат дека имаат докази кои не се прифатени од обвинителството, а се во насока на поддржување на нивната теорија за убиство.

Втората оштетена Тамара Петковска не била на судскиот процес. Во судницата била и партнерката на обвинетиот која е бремена, а со која Стефановски живее во вонбрачна заедница.

Поради тоа што сите не биле присутни во судница со соодветни правни застапници, судот одлучил конечната одлука за казна за признание на вина да биде донесена на наредно рочиште, а првото наредно рочиште е закажано за 19-ти ноември.

Пред кривичниот суд во Скопје и пред комплексот судови, во рамки на кампањата за борба против пијани и дрогирани возачи пред повеќе од половина година беше ставен и билборд со ликот на загинатата Јелена. Пораката беше: ако возиш, не пиј и не се дрогирај. А покрај сликата на загинатата малолетна девојка пишуваше „Возев пијан и дрогиран….ја убив Јелена.“

Случајот сепак ќе се затвори со признание на вина на младиот возач, иако многу други кривични предмети и морбидни активности се испреплетоа преку судбината на малолетната жртва.

Миомир Серафиновиќ

Ископан и осквернавен гробот на 17-годишна загината кумановка во сообраќајна несреќа- чие семејство со билборд бараше спас од пијани и дрогирани возачи

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кошта: Tреба да се испорача она што беше договорено во 2022 година – Нема веќе за што да се договараме

Дејан Дејан

Лица од енергетски монополи ќе можат да бидат членови на регулаторна комисија, ќе има ли простор за манипулации во одлуките?

Дејан Дејан

Граѓаните кои се во неповолна финансиска положба имаат право на бесплатна правна помош

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе