Во понеделник во Младинскиот културен центар, во 20 часот, ќе биде изведена премиерата на претставата „ Мајстор за спомени“. Претставата е по текст и во режија на Јане Спасиќ, а во продукција на независната театарска група „Артопија“.
- Успешен психотерапевт, со специфични методи на терапија што се состојат од менување на сеќавањата, влијае врз неговите пациенти, но полека ги губи своите спомени. Преку неговата борба да ги зачува спомените, претставата ги истражува сеќавањата и нивната поврзаност со театарот и животот“, велат за претставата од „Артопија“.
Во претставата играат актерите: Ненад Митевски, Елена Кузманов, Мартин Јорданоски, Бојан Кирковски, Симона Спировска и Анастасија Аневска. Сценограф е Мартин Манев, а костимографијата е на Бранкица Јордановска. Дизајнер на светлото е Владимир Димоски, а музиката ја компонираше Дарија Андовска.