Вести Македонија Топ вести

Мендух Тачи лицитира со Алтернатива во влада, Гаши веднаш демантира затоа што „сегашната влада е во слободен пад“

Периодот по локалните избори е време кога ќе треба да се утврди кои шпекулации биле точни: оние дека се подготвува ново парламентарно мнозинство или оние дека постојното ќе се зголемува.

Приврзаниците на втората шпекулација, во потрага по дополнителна поддршка, уште еднаш ја посочија Алтернатива како нов владин партнер. Синоќа, во интервју за ТВ Клан Македонија, претседателот на ДПА Мендух Тачи, изјави дека тоа е веќе договорено.

-Работата со Алтернатива е завршена. Тие ќе бидат дел од Владата, рече Тачи, претседателот на ДПА.

Партијата предводена од Африм Гаши демантира.

-За влада која е во слободен пад, разбирливо е да се нуди толку отворено. Но, едно е сигурно – први ноември ќе донесе нова власт! Прво во Скопје, а потоа и на централно ниво, наведуваат од Алтернатива.

Алтернатива има четворица пратеници и е дел од 12-члената парламентарна коалиција Алијанса-Алтернатива.

Опцијата за раздвојување на двајцата опозициски партнери Села и Гаши ја спомена и премиерот Заев, нагласувајќи дека парламентарното мнозинство е стабилно и би можело да стане побројно. За Беса, во моментот најважно е да се добие локалната битка во Тетово.

Портпаролот на БЕСА, Арианид Хоџа, ги повика гласачите на неговата партија да им дадат поддршка на кандидатите на Алијанса-Алтернатива, но изрази очекување овие партии да им дадат поддршка во Тетово и во Желино.

Темата за големината на парламентарното мнозинство на сите ќе им биде поатрактивна по вториот круг.

Во моментот, приврзаниците на најавите за ново мнозинство се во дефанзива, бидејќи и најмалите владеачки партии истакнаа дека остануваат во владеачката коалиција.

Соња Николовска

https://youtu.be/7FHuPUeJmlg

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дефект во трафостаница доведе до краток прекин на струја во делови од Центар, вклучително и Клинички, проблемот надминат

Дејан Дејан

Напладне пресуда за пожарот во модуларната болница во Тетово

Дејан Дејан

„Кој е следен?“ најавува герила-акција пред Обвинителството

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе