Ковид19 Македонија Топ вести

Нема позитивен на Ковид-19 од скринингот помеѓу тестираните средношколци денес

Добри вести за негативен наод од Корона-тест добија учениците кои денес се првите во редот средношколци, одбрани по случаен избор да бидат дел од скринингот, потврдуваат од училиштата.

Посетени беа две скопски средни училишта – а, екипите на Центарот за јавно здравје од Скопје  собраа вкупно 163 брисеви. 68 ученици беа тестирани во училиштето „Зеф Љуш Марку“, а 95 во средното медицинско.

Здравствените работници тестираа со брзи антиген тестови, затоа и за неколку часа веќе ги имаат информациите дека денес не е пронајден ниту еден асимптоматски носител на коронавирусот.

„Обезбедени се согласности од родител за сите и за тоа не ни имаше некои посебни проблеми, особено затоа што се работи за медицинско училиште и на нашите ученици од трета и четврта година веќе секако им се земаат брисеви за извршување на практичната настава така што мислам дека сè ќе биде во најдобар ред. Најголем дел од родителите прифатија, но имаше некои изолирани случаи на тие коишто прележале Ковид па сметаа дека нема потреба да подлежат децата на тестирање.“ – вели Маја Салиу, директор на средното медицинско училиште ”Панче Караѓозов”.

Тестирани ќе бидат речиси 8200 ученици низ државата, и од средни и од основни училишта.

Денешниот прв ден не покажа позитивен резултат на ниту еден тест во скопските средни училишта, и од Центарот за јавно здравје се надеваат дека така и ќе остане.

„Придобивките се првенствено околу тоа што децата самите ќе знаат за нивната здравствена состојба во моментот, а доколку не дај Боже се открие некој позитивен тогаш има следни чекори по протоколи – кој и што треба да направи понатаму. И секако, ќе се добие некоја претстава за раширеноста на вирусот во основните и во средните училишта претпоставувам дека Министерството за здравство со тоа ќе преземе соодветни мерки за ако евентуално треба нешто да се направи.“ – смета Денис Јанкуловски од Центарот за јавно здравје во Скопје.

Точно е испланирано што ќе се прави со учениците во случај брзиот тест да покаже позитивен резултат.

„Училиштата имаат обврска да обезбедат посебна просторија каде што според протоколите на здравствените лица – не смеат да влегуваат надворешни лица. Исто така, ако некој од учениците има позитивен резултат од брзиот тест, тој веднаш е препратен на ПЦР тестирање.“

Од друга страна, скриниг тестирањето почна и во основните училишта, но во повеќе градови и општини во внатрешноста.

Дополнително денес се проверуваат и основците во Кривогаштани, Берово, Вевчани, Дебарца, Демир Капија, Дојран, Зрновци, Конче, Лозово, Могила, Новаци, Пехчево, Старо Нагоричане и Центар Жупа.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Децата мора да се охрабруваат да говорат за булингот“ пораки од работилница во Гази Баба на општествено одговорната кампања „Крени Глас“ на Макпетрол

Дејан Дејан

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “SupportКоcani“

Дејан Дејан

Пет барања испрати семејството на Фросина од протестот по пресудата од 12 години за Васил Јованов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе