Голем пожар се шири денеска во Пехчево, каде што гори борова шума . Градоначалникот на Пехчево, Драган Тренчовски, за вестите на Телма , потврди дека месното наеление се собира, на терен се противпожарните единици и дирекцијата за заштита и спасување .
“Ветрот не е на наша страна, не знаеме веќе ни во кој правец се шири пожарот, зафатен е и делот кон Света Петка, но и делот на кај селото Умлена. Распрснати сме на сите страни. Очекуваме, имаме најава дека за нецел саат време, ќе пристигне и помош од воздух, 2 хеликоптери, бидејќи мислам дека само на тој начин ќе успееме некако да се справиме со огнената стихија. Се наоѓаме во многу лоша ситуација” – изјави за Телма Тренчовски.
Тој вели дека во моментот не се загрозени некои куќи, но огнот се шири многу бргу. Гори голема површина вели градоначалникот, бор и нискостеблеста шума.
Тренчовски се надева дека во помош за справување со пожарот ќе пристигнат и пожарникари од Бугарија.
“Многу тежок е пристапот до таму и потребна е помош од воздух. Побаравме помош и од други соседни општини, Делчево, но знаете дека и во таа општина има пожари. Побарав помош и од општина Штип.Побарав помош и од бугарска страна. Се надевам дека со екипа од 2 противпожарни возила и 25-30 пожарникари ќе добиеме помош од Бугарика. Се координираме и се надевам дека ќе успееме да го запреме пожарот” -изјави градоначалникот на Пехчево, Тренчовски за вестите на Телма.