Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и вети поддршка на Литванија, земјата која се соочува со зголемен приток на илегални имигранти, претежно Ирачани, преку заедничката граница со Белорусија долга 679 километри.
Владата на Литванија прогласи вонредна состојба откако 150 лица илегално ја преминаа границата за 24 часа, повеќе отколку што во земјата влегуваат секоја година во последните три години.
Половината од 822-цата мигранти кои пристигнале во Литванија во текот на годината се од Ирак, но има и од Иран, Сирија, Гвинеја, Турција и Шри Ланка.
Фон дер Лајен во Вилнус истакна дека всушноста станува збор за политички мотивиран терк и вети дека Европската комисија и ЕУ ќе и помогнат на земјата. Литванските власти сметаат дека Белорусија стои зад зголемувањето на илегалната имиграција, по заканите од белорускиот претседател Александар Лукашенко дека повеќе нема да ги спречува мигрантите да ја преминуваат западната граница.