Свет

Ураинското министерство планира жените војници да маршираат во високи потпетици

Плановите на украинското Министерство за одбрана да ги натера жените војници да маршираат со високи потпетици наместо со армиски чизми на парадата следниот месец, предизвикаа бура од реакции, објави ББС.

Ирина Герашченко, пратеник во опозицијата, рече дека тоа е сексизам, а не еднаквост.

Украина се подготвува да организира воена парада на 24 август по повод 30 години независност по распадот на Советскиот Сојуз.

Министерството за одбрана соопшти дека обувките се дел од униформа за регулации.

Многумина во Украина изразија шок од планот, со група пратеници кои го повикаа министерот за одбрана Андриј Таран да се извини.

Олена Кондратјук, заменик претседател на парламентот, посочи дека повеќе од 13.500 жени се бореле во сегашниот конфликт со кој Украина се спротивставува на сепаратистите поддржани од Русија на исток.

Повеќе од 31.000 жени сега служат во вооружените сили на земјата, вклучително и над 4.000 кои се офицери.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Неуспешна прва рунда од преговорите за мир во Украина

Дејан Дејан

Притисок врз Путин за мир во Украина – пораки од Самитот во Тирана

Дејан Дејан

Трилатерални состаноци наместо преговори во Истанбул – Русија и Украина за првпат на маса по пауза од три години

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе