Економија Македонија Топ вести

Мазутот во Кичево содржел 20 пати повеќе вода и 5-пати повеќе пепел од дозволенето 

Во мазут во склад имало 20 пати повеќе вода со седименти од дозволеното и 5 пати повеќе пепел кој може да содржи тешки метали.

Информацијата за Телма ја потврдија од надлежните државни органи. Станува збор за мазут во количина од околу 295 тони кој бил складиран во резервоари на кичесвката фирма Евро-тим.

Во анализираниот примерок наместо дозволениот еден процент вода имало 20 проценти ѓто би значело дека во целата залиха , една петина од мазутот односно речиси 60 тони било вода.

Дополнително откриено е и пепел кој при горење се пренесува преку чадот. Наместо максимално дозволени 0,2 проценти пепел, во мазутот на Евро-тим имало 0,95 % или пет пати повеќе.

Сите биле шокирани од резултатите и од фирмата сопственик и од надлежните органи затоа што досега најголема разлика за водата откриена во најневалитетнит емазути била до 4 проценти или 4 пати повеќе од дозволеното. Ќе се проверува и резервоарот.

Од кабинетот на вицепремиерот Николовски известија дека веќе е пишана казна, а мазутот ќе треба да се отстрани.

“ДПИ спроведе постапка на порамнување и издавање на прекршочни платни налози во износ од 10.000 евра за правното лице и 3.000 евра за одговорното лице. Донесено е Решение со кое на правниот субјект му е наредено да ги отстрани несообразностите кај испитуваниот производ „мазут“ и определен е рок од 15 дена за постапување по наредбата” – соопштија од кабинетот на вицепремиерот Николовски.

Бидејќи во државата нема проиводствен капацитет кој може да го обработи и прочисти мазутот, тој ќе мора да замине од државата за што царината ќе треба да издаде дозвола за напуштање на Македонија и врќање во државата од каде е купен тој мазут.

Откако државата отвори постапка по објавени новинарски истражувања, надлежните кои со години замижувале на проблемот почнаа да откриваат неквалитетни транспорти и складови со мазут, поради што почнаа да се пишуваат казни за откриен штетен мазут, а во тек е постапка за одземање на лиценци на 4 компании кои ги кршеле економските прописи за чување опеартивни залихи.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кошта: Tреба да се испорача она што беше договорено во 2022 година – Нема веќе за што да се договараме

Дејан Дејан

Лица од енергетски монополи ќе можат да бидат членови на регулаторна комисија, ќе има ли простор за манипулации во одлуките?

Дејан Дејан

Граѓаните кои се во неповолна финансиска положба имаат право на бесплатна правна помош

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе